Тамара Србиноска

Тамара
Србиноска

Иден архитект

Не верувам во патеки кои се совршени

Верувам во самиот процес.

Добредојде

Сестрана ученичка во “ОСТУ” Гостивар во трета година, со изразен интерес кон архитектурата, дизајнот и креативното изразување.

Ги поврзувам уметничкото размислување и практичното искуство преку архитектонски проекти, дизајн, уметност и културни активности.

Се фокусирам на развој преку процесот, истражувањето и учењето преку реални искуства.

01

Архитектура

Фибоначи Проект
Концептен дизајн2025

Фибоначи Проект

Истражување на златниот пресек во архитектонски форми, комбинирајќи математичка прецизност со органска естетика.

Отвори презентација
Индивидуални стамбени објекти — 1 / 2
Индивидуални стамбени објекти — 2 / 2
Станбена архитектура2024

Индивидуални стамбени објекти

Овој проект претставува идејно решение за индивидуални станбени објекти, разработени и просторно организирани, поставени во урбан контекст со јасно дефинирана сообраќајна и партерна структура и уредување. Архитектонското решение се базира на современ пристап кон домувањето, со акцент на функционалност, волуменска композиција и хармонизација со околината. При дизајнот е ставен акцент на функционалната организација на просторот, едноставна и модерна форма, како и пријатна средина за живеење. Објектите се меѓусебно усогласени и вклопени во околината, со цел да се добие уреден и хармоничен изглед на целата населба.

Геометриска композиција — 1 / 2
Геометриска композиција — 2 / 2
Студија на композиција2025

Геометриска композиција

Вежба за форма, структура и простор преку геометриски композиции.

02

Достигнувања

Хакатон

Младински идеи за одржливи градби: Патот од инспирација до иновативни решенија. Хакатонот се организира во рамки на проектот „Хаб за циркуларна економија на Западен Балкан “(WBCE Hub), поддржан од Програмата RECONOMY на Шведската агенција за меѓународен развој (Sida), како и проектот CATALYST, кофинансиран од Erasmus+ Programme. Со мојата екипа победивме на хакатон, освојувајќи прво место, парична награда и стипендија за студирање на Градежниот факултет во Скопје.

2026

Дипломи

Во текот на моето образование, постигнав повеќе значајни успеси кои се потврдени со освоени дипломи. Секоја диплома претставува резултат на вложен труд, посветеност и желба за напредок. Овие достигнувања се доказ за мојата истрајност и мотив да продолжам да се развивам и усовршувам.

2023–2025

Еразмус

1.Бугарија

Еразмус проектите се повеќе од обични патувања – тие се искуства исполнети со нови пријателства, култури и незаборавни спомени. Запознавајќи луѓе од различни држави, учиме да ги прифаќаме разликите и да гледаме колку сме всушност слични. Јас сум имала можност да бидам дел од вакви проекти и можам да кажам дека тоа е навистина прекрасно искуство. Тоа е еден од најубавите периоди во мојот живот, исполнет со смеа, нови познанства и вредни лекции. Воедно, на овие проекти се учат многу нови и корисни работи кои ни помагаат да се развиваме и да стекнеме нови вештини. Дружбата што се создава е искрена и посебна, исполнета со поддршка и заеднички моменти. Иако проектот завршува, спомените и врските остануваат засекогаш.

2025

Еразмус

2.Германија

Преку Erasmus+ програмата учествував во меѓународен проект фокусиран на одржливост и еколошка свест. Ова искуство ми помогна да го поврзам архитектонското размислување со одговорноста кон животната средина и да разберам како дизајнот може да придонесе кон поодржлива иднина.

2026
03

Креативност

Допри за целосен приказ и детали

Изложба

Кога цртам, обично се губам во природата. Таа е моја инспирација, спокој и слобода. Креативноста ми помага тоа чувство да го претворам во нешто видливо.

Архитектонски цртежи

Цртам архитектонски цртежи и учам како правилно да ги правам. Со нив ги претставувам моите идеи за објекти и простории. Преку прецизни линии и форми покажувам како би изгледале во реалноста. За мене тоа е креативен процес во кој истовремено учам, замислувам и работам со прецизност.

Макети

Убавината на моделите и 3D цртежите е што идеите ги оживуваат. Преку нив можам да видам како објектот ќе изгледа во реалноста и да ги забележам сите детали. За мене тоа е креативен и интересен процес.

Хеклање

Хеклањето за мене е прекрасна и креативна активност. Со него правам слатки кукли и разни декоративни предмети. Секој конец и бод создаваат нешто уникатно и полно со љубов. Тоа е смирувачко хоби што ми носи радост и задоволство.

04

Активности

Кошарка

Кошарката е мојот омилен спорт што ми носи енергија и радост. Обожавам да играм во тим, да трчам, да постигнувам поени и да се натпреварувам. Преку кошарката учам за дисциплина, соработка и истрајност. За мене тоа е забавен и здрав начин на живот.

Играорна

За мене, студиото за игра е прекрасно и забавно место каде учам народни игри. Обожавам да ја негувам традицијата и да играм во група со други. Преку студиото учам за култура, ритам и соработка. Тоа ми носи радост и гордост.

Волонтерство

Црвен крст - Промоција на хумани вредности. Активно учество во активности насочени кон развивање на солидарност, емпатија и општествена одговорност. When in Trouble -Вклучена во активности за поддршка на ранливи категории и дружење со деца со посебни потреби.

05

Препораки

Избрани препораки кои ја отсликуваат мојата работа, посветеност и развој.

Препорака — страница 1
Препорака — страница 2
06

Сертификати и Признанија

Неколку потврдени документи од мојата практична обука и професионален развој.

07 — Видео

Моето патување

Краток поглед на мојата работа, процесот и креативниот правец.